Пандев: Дуелот со Лихтенштајн може да ни донесе многу позитивни работи

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за квалификациската пресметка против Лихтенштајн в петок на гостински терен. Нашиот најдобар национален тим денеска го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Вадуц.

Капитенот на Македонија Горан Пандев смета дека фаворитската улога треба да ја потврдиме на теренот.

„Не сакаме да зборуваме за кој било натпревар дека сме фаворити, тоа треба да го покажеме на теренот. Не’ очекува натпревар кој може да ни донесе многу позитивни работи, да ни ја врати самодовербата и повторно да бидеме во позиција да се бориме за подобро место во квалификациската група. Мораме да направиме се што е во наша моќ за да го победиме Лихтенштајн. Знаеме дека во фудбалот нема лесни противници и лесни натпревари, а единственото важно е да се освојат бодовите. Добро се подготвуваме, ќе влеземе мотивирани и се надевам дека најпосле ќе запишеме победа“.

Натпреварот Лихтенштајн – Македонија ќе се игра в петок во Вадуц со почеток во 20:45 часот и е во рамките на Г-групата од квалификациите за Светското првенство 2018.

Додади коментар

Би те интересирало и

(Видео) Гол за паметење на Реал: 44 додавања, 107 секунди и сите 11 играчи вклучени во иста акција!

Реал Мадрид на импресивен начин ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, но она што ...

(Видео) Конечно воздишки на „Камп Ноу“: Семедо со страшен трик ја фрли публиката во делириум, искусниот Хоакин не знаеше каде е топката

Нелсон Семедо допрва ќе треба да покаже за каков калибар на фудбалер станува збор, но ...

Close