Папагали зависници ги пустошат полињата со афион во Индија

Индиските земјоделци војуваат со папагали, кои станале зависници и ги уништуват полињата со афион. Овие птици чекаат земјоделците да ги исечат плодовите од афион и потоа тргнуваат по својата доза.

Птиците научиле дека не смеат да креваат галама за да не бидат фатени на дело, поради што во својот поход по афион одат во тишина. Откако ќе го искинат плодот, папагалите одлетуваат високо во крошните каде уживаат во својот плен.

Земјоделците пробале се за да ги избркаат птиците од своите посеви, но ништо не им помага, ниту тапани, ниту петарди.

– Мораме да минуваме часови во полињата за да го заштитиме афионот, се жалат земјоделците и додаваат дека бројот на папагали зависници секоја година е се’ поголем.

Овој бизарен феномен прва го забележала Државната канцеларија за наркотици.

Додади коментар

Би те интересирало и

УНИЦЕФ: Исламистите од Боко Харам се повеќе деца користат како „човечки бомби“

Исламистичката група Боко Харам се повеќе деца, главно девојчиња од североисточна Нигерија, ги користи како ...

Во Мароко се уапсени две лица осомничени за врски со терористите од Барселона

Мароканските власти уапсиле две лица, осомничени за врски со извршителите на терористичкиот напад во Барселона, ...

Close