Перо Антиќ во раководството на КК „Гостивар“

Кошаркарскиот клуб Гостивар по долга пауза се враќа во елитното друштво на домашната сцена. Гостиварци активираа дел од „домашните сили“, ангажирајќи го Младен Ѓуроски за тим-менаџер и Марјан Србиновски за нов шеф на стручниот штаб, се со цел оваа екипа во одлично светло да се претстави при настапот во Првата лига.

Проектот на КК Гостивар добива на сериозност откако денеска беше обелоденето дека дел од раководството на овој клуб станува и Перо Антиќ.

Поранешниот капитен на националниот тим изразил интерес купил 20% од акциите во повратникот во елитното друштво.

– Не се двоумев по една ваква понуда и сериозен концепт. Целта ни е со една таква посветеност да ја вратиме публиката во Гостивар, сакам повторно да имаме респектабилен тим и со тоа да ги привлекуваме и малите деца од нашиот град да живеат за кошарката“ – изјави Марјан Србиновски кој како кошаркар започна од Гостивар, а веќе една деценија е кошаркарски тренер.

Неизвесно е дали салата „Младост“ ќе биде подготвена со поставување на подлога за самиот старт на следната сезона, резервна опција останува настап во Маврово, но раководството на клубот е убедено дека во текот на сезоната гостиварци ќе можат да ги бодрат своите миленици во кошаркарскиот храм на овој град.

Додади коментар

Би те интересирало и

Екс-кошаркарот на МЗТ Скопје, Марко Луковиќ се сели во шпанската АЦБ лига

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Луковиќ кариерата ја продолжува во шпанската Мурсија. Луковиќ, ...

Втор триумф на нашите кошаркари на „Трофејот на Македонија’’

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација ја оствари и втората победа на „Тофејот Македонија“ што се одржува ...

Close