Песната „Деспасито“ ја заживеа економијата на Порторико

Пред само два месеци гувернерот на Порторико, Рикардо Росело прогласи банкрот на земјата со идеја да го реструктуира долгот од 70 милиони долари.

Сепак, последните извештаи откриваат дека глобалниот хит „Деспасито“, Луис Фонси и Деди Јенки ги зголеми интересот за земјата, во која се родени овие мега ѕвезди.

Туристичкиот интерес за Порторико порасна за 45 отсто, откако песната почна да се слуша во целиот свет, објави весникот „Ун Нуево Диа“.

Според весникот, ваквиот интерес на туристите се должи на фраза „Вака тоа го правиме во Порторико“ и на желбата да се видат спектакуларните локации на кои е снимен спотот.

Како што се наведува во текстот, туристичките оператори во цело Порторико почнаа да ги нудат локациите од спотот во своите тури, како што се клубот „Ла Факториа“ во стариот дел на Сан Хуан и квартот Ла Перла.

Луис Фонис пак, реагираше на Инстаграм: „Какво е задоволството да се прочита ова во интернационалните медиуми. Порторико е вистински протагонист и во песната и во спотот“.

Тој исто така им се се заблагодари на Јенки, на „Мис унвиерзум 2006“ Зулејка Ривера и на директорот на групата „Еластик пипл“, Карлос Перез.

Песната за пет месеци има 2,5 милијарди прегледи на интернет.

Додади коментар

Би те интересирало и

Што е coffee nap, новиот необичен ритуал за поголема енергија во денот?

Брзиот начин на живот нé тера постојано да бараме трикови кои ќе нé држат будни ...

Мис Адриатик 2017 е Македонката Ива Михајловска

Во туристичкото место Рогозница во Хрватска се одржа традиционалниот избор Мис Адриатик 2017 година. Меѓу ...

Close