Пеце „Суперхикс“: Ана е симбол за сите турбофолкерки

Песната „Ана“ не е правена врз вистинска приказна, туку е посветена на две групи девојки, вели Петар Младеновски, фронтмен на групата „Суперхикс“, кои деновиве снимија и спот за неа.

„Стиховите за песната ги напиша Дарко Попов и „една Ана ми отоври рана“ прво добро ни се римуваше. Не постои вистинска Ана иако песната од една страна ја посветивме на нашиот најголем фан Ана Блажевска, која не испушта ниеден наш настап. Ана е во таа група на девојки кои слушаат добра музика. Од друга страна, пак, Ана е симбол за сите девојки кои слушаат лоша музика, кои слушаат трубо фолк. Затоа и во песната се пее за момче со квалитетна музика и Ана која е турбофолкерка“ – вели Петар за Канал 77.

Спотот за песната е снимен во цвеќарницата, кај поранешна матична служба, во кој членовите на бендот се восочни фигури прекриени со пајажина, а девојка, која продава цвеќе ги оживува со песна.

„Идејата за спотот е на нас членовите на групата, на Дарко Попов, на Борис Милев, но секако во консултации и идеи од нашиот режисер и монтажер Благоја Неделковски. Вања Бартлинг е сценограф и Димо Попов е снимател. Интересно е што го снимавме од пет часот наутро до 22 часот навечер. Сопствениците на цвеќарницата ни рекоа дека сакале да ја реновираат и не замолија да ја искорититат нашата сценографија, на што секако ние се сложивме. Нека биде за спомен од спотот„ – додава Пеце.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background
mk Macedonian
X