Пејачката Ивона ослабе 32 килограми: Дебелината е психички проблем, се уморив од емотивно прејадување – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Пејачката Ивона ослабе 32 килограми: Дебелината е психички проблем, се уморив од емотивно прејадување

Пејачката Ивона Јовановиќ од Куманово јавно се бори со своите килограми и цврсто ги носи озборувањата за нејзината дебелина. Но, како што вели, има момент кога и физички и психички си подготвен за трансформација, момент кога сакаш да престанеш да се уништуваш  и да почнеш нова етапа од животот.  Почнала со нов режим на исхрана и вежбање а резултатот е- симнала 32 килограми за девет месеци.

Кој беше пресудниот момент за да почнеш со нов режим на исхрана?

-Се враќав од Скопје, после напорен ден. И размислував каква промена ми треба. Беше пред Нова Година и бев уморна, без енергија, без било каква воља за остаток од денот. Застанав пред еден постер на кој пишуваше : “Внимавајте што посакувате за празниците желбите се исполнуваат ”. И замислив желба, да престанам да се унишувам самата себе и да почнам нова етапа од животот. Така се почна. Почнав да истражувам на интернет работи што се пресудни за менување на размислувањето, психолошки ставови за диети, различни начини на исхрана. Го оставив претходниот факултет и запишав нутриционизам, затоа што целосно сакам да се посветам на проблематиката која ме мачеше цел живот- како да се хранам здраво. Бев уморна од брза храна која не ми носеше никаков бенефит. Само ми ја земаше енергијата. Едноставно почнав.

Колку време траеше режимот и колку килограми симна?

-Почнав од  јануари 2019 со голема мотивација,  ден за ден се до септември 2019 и симнав 32 килограми. За да тргнеш кон промена потребна ти е мотивација.  Слабеењето не е само обична дисциплина. Слабеењето е кога ќе откриеш зошто го бараш задоволството во храна. Кога после шопинг од три часа ке сватиш дека нема број за тебе, па од нервоза јадеш буквално се. Зошто? Затоа што сте се соочиле со огромен емотивен стрес. Тоа е емотивно прејадување. Дебелината е психички проблем. А јас имам проблем.  Затоа морав да менувам. Сменив навики, сменив  опкружување,  факултет, една трансформација која ме измести од  целиот колосек на кој бев навикната 20 години.

Што значеше тој режим на искрана, што јадеше?

-Се хранев  едноставно. Јадев наутро смути или пак протеински појадок од јајца со зеленчук. Ручекот ми беше секогаш некој протеин. Вечерав салата или пак повторно некој протеин кој го земав по тренинг. Пресудно беше што пиев по 4 литри течност на ден. И на тој начин телото се заситуваше и немаше простор за глад. Вежбав многу напорно. По два часа во теретана и плус  во салон

Имаше ли моменти на нервоза, пукање филм и како се убедуваше да продолжиш понатаму?

-Моменти на откажувања има постојано. Кога ти здосадува кога ти е веќе доста од броење на калории, од внимавање и постојано размислување што е добра намирница а што не. До септември можам отворено да кажам дека намалив со одење во теретана и вежбање. Намалив со течности и внимавање на исхрана. Вратив 10 килограми. Но така требаше да биде. За проблематиката која ми се случуваше тој период  јавно зборев.  Заклучив дека станува збор за емотивно прејадување. Секогаш кога имам некој проблем посегнувам по храна. И сега се борам со тоа. Се борам да си ја повратам мотивацијата и желбата и повторно да за чекорам по патот на успехот.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background