Повреден пешак вчера попладне во Неготино

Вчера попладне во Неготино бил повреден пешак, но по интервенцијата на лекарите, бил упатен на домашно лекување. Според информациите кои ги добивме од портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, пешакот бил повреден околу 16.30 часот на ул. „А.А.Илов“, спроти летната тераса на „Сити кафе“.

Од страна на возачот Д.Д.(40) од Неготино со патнички автомобил марка „форд фокус“ со неготински регистарски ознаки, била загрозена безбедноста во сообраќајот,  на тој начин што тој најпрво го стартувал автомобилот, тргнал и го удрил пешакот Д.К.(29) кој се движел по тротоарот. Пешакот по ударот се здобил со телесни повреди, а возачот со автомобилот удрил во инвентарот на „Сити кафе“ и  сопрел на  тревната површина, соопшти Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност Неготино.

Инаку пред десетина дена,околу 19.50 шеснаесетгодишното момче од неготинското село Војшанци управувајќи со мопед „херк“ падна на патот, на земјениот пат, Војшанци – Неготино, кога се здоби со фатални повреди, но со знаци на живот.

По укажаната лекарска помош во Итна медицинска помош во Неготино, момчето било препратено во Кавадаречката болница каде им подлегна на тешките повреди.

За Канал 77 од Неготино, Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Скопјанец загина во Крушево во несреќен случај

Седумдесет и осумгодишниот скопјанец Н.К. го загуби животот во несреќен случај. Според МВР, вчера околу ...

Парично казнет скопјанецот кој го уби кучето Идриз

Скопјанецот Симо Христовски Липски, кој во Дебар Маало го уби бездомното куче Идриз, судот го ...

Close