Повторно каменувано седиштето на „Гласно“

Фото: Фејсбук/Гласно

Искршени прозорци и табли – ова е сликата што утрово ја затекнале членовите на Здружението на текстилни и кожарски работници „Гласно“ од Штип. Нивната канцеларија, односно Културно уметничкиот центар „Текстил“ повторно е цел на вандали. Активистите порачуваат – ова нема да не’ обесхрабри.

Непознати лица изминатата ноќ фрлале камења кон објектот кој е прибежиште на текстилните и кожарските работници, сместен во штипската населба „Осми ноември“. Ваквиот вандализам се случува по втор пат – велат од Здружението „Гласно“, потсетувајќи дека иако уште првиот пат пријавиле во полиција,  МВР досега го нема расчистено овој случај.

Претседателот на „Гласно“, Горан Трајков во изјава за Канал 77 вели дека вандалите нема да ги спречат во нивната борба за поголеми права за текстилните и кожарските работници.

„Рој камења се фрлени кон нашето Здружение и мислам дека ова е веќе континуирано насилство. Дефинитивно ова нема да има влијание врз нашето работење. Можеме да им порачаме дека Гласно е идеја, дека Гласно се сите работници од текстилната и кожарската индустрија и на крајот од денот овие работници сепак ќе го имаат својот збор“, изјави Трајков патувајќи кон Крива Паланка, каде повторно штрајкуваат вработените од фабриката за чевли, која таму беше отворена како италијанска инвестиција.

Фото: Фејсбук/Гласно

„140  работници се оставени без плата, а надлежните не реагираат“, нагласи Трајков.

Тој додаде дека денешниот случај ќе го пријават во полиција веднаш откако ќе се вратат во Штип.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close