Поздрави од Финска: Писмо од слушателот Јармо – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Поздрави од Финска: Писмо од слушателот Јармо

Јас сум 50 години и работам како адвокат. Имам жена и три прекрасни ќерки. Моите хобија вклучуваат хокеј на мраз, астрономија, бас гитара (свирам во бенд). Сепак, моето најдраго хоби е мониторирање на радио сигнали, нешто со што се занимавам од 1978 година – вака го започнува своето писмо испратено до редакцијата на Канал 77, Јармо Хабукунас.

Адвокатот кој споделува дека живее во мало село сместено во северниот дел на Финска, има хоби кое нема ни најмала поврзаност со неговата професија, но благодарение на истото, успеал да слушне дел од програмата на Канал 77, што всушност е и причина за неговото обраќање до редакцијата.

Четврти јуни беше среќен ден – пишува Финецот, кој успеал да ја „улови“ програмата во 17:45 часот по локално време. Ова беше невообичаена рецепција на вашите сигнали, Канал 77 на 92,3 MHz во Финска – се додава во писмото.

За крај, нашиот слушател ни испраќа своја фотографија направена пред неколку години за време на процес на мониторирање во Лапленд. Хабукунас

Би сакал да ви посакам се’ најдобро во иднина. Се надевам ќе имам можност да ве слушам повторно – го завршува своето писмо господинот Хабукунас.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background