Поморот на пчелните семејства и нелојалната конкуренција – теми на Годишното собрание на пчеларите

Околу 50 – 60 проценти, а кај некои производители на мед и 80-90 отсто достигнале загубите на пчелните семејства во текот на зимата. За причините за ваквата состојба во пчеларството се дискутира денеска, на Годишното собрание на Сојузот на пчеларските здруженија на Македонија.

Собранието се одржува на Факултетот за ветеринарна медицина и на него, освен пчелари, присуствуваат и претставници на науката, ветеринари и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна, како и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство.

На Годишното собрание, информира Сојузот, ќе стане збор и за продажбата на фалсификуван мед во Македонија.

„Стоп за продажбата на фалсификуван мед“ – пораката што сакаме да ја испратиме од Собранието, велат пчеларите.

Додади коментар

Би те интересирало и

Македонија досега изгубила 119 милиони евра од ИПА фондовите – Во ризик дополнителни 33 милиони

  Вкупно 614 милиони евра и’ биле ставени на располагање на Република Македонија за реализација ...

НБРМ: Раст на потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските

Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање ...

Close