Поради посетата на Трамп на Париз Ајфеловата кула затворена до сабота

Туристите и жителите на Париз од денеска, па до сабота не ќе можат да се качиваат на Ајфеловата кула. Агенцијата МИА јавува дека ваквата забрана, што стапува во сила од денеска во 14:30 часот, е воведена поради посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на францускиот главен град.

Според најаваа, американската претседателска двојка вечерва ќе има вечера со француската претседателска двојка во ресторанот „Ле Жил Верн“ на вториот кат на Ајфеловата кула.

Кулата ќе биде затворена и утре поради свеченостите по повод 14 јули – Денот на Бастиља, бидејќи традиционалниот огномет по повод празникот ќе биде истрелан од оваа париска знаменитост.

Ајфеловата кула ќе биде повторно отворена за јавноста дури во саботата во 9 часот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Француски полицајци ќе вршат контроли на албанските гранични премини

Француски полицајци на почетокот на септември ќе прстигнат во Албанија како помош на нивните албански ...

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас ги прекина сите контакти со Израел

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас вчеравечер нареди да се замрзнат сите официјални контакти со Израел, се ...

Close