Пораки за упад во гимназијата во Прилеп: Влезете внатре да ги исплашите комуњарите

Висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп испратил порака на Вибер до членови на Унија на Млади сили во Прилеп од кои го побарал денешниот упад во гимназијата Мирче Ацев за како што пишал во пораката „да ги исплашат комуњарите“ – јавува порталот А1 он.

Лицето кое до А1он ја испрати пораката вели дека е член на ВМРО-ДПМНЕ, но дека секој родител треба да го види разговорот и да размисли дали децата им се сигурни кога ги праќаат на училиште.

Директорот на гимназијата, кој во изјава за медиумите кажа дека не се кае за политичкиот говор кој го одржа пред средношколците денеска не бил дојден на работа, а вратите на демонстрантите им ги отворил заменик-директорот.

Денеска пред гимназијата на мирен протест излегоа родителите на учениците во гимназијата кои рекоа дека ќе побараат санкции за директорот Кирил Николоски. Тие истакнаа дека се загрижени за безбедноста на децата кои треба да бидат на настава, а не на протести.

Додади коментар

Би те интересирало и

Денеска се одржува 31 -то издание на Охридскиот пливачки маратон

Денеска во Охрид се одржува 31. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Настанот почнува во 12 ...

Половина час мештаните од Порој и Џепчиште го блокираа регионалниот пат Тетово – Јажинце

Половина час мештаниите од Порој и Џепчиште го блокираа регионалниот пат Тетово – Јажинце, револтирани ...

Close