Порше и Ка – Дис добро се офајдиле од владините набавки

Две големи имиња од бизнисот со продажба на возила се вмешани во криминал,  за што на вчерашната прес конференција извести Специјалното јавно обвинителство.

Златко Муцунски, од  Порше Македонија и Златко Калеников од Ка – Дис, се сомничат за криминал тежок половина милион евра во предметот на СЈО „Триста“. Двајцата беа редовни учесници на активностите на владата на Груевски, додека нивните реклами се емитуваа само на провладините медиуми.

Преку фирмата на Муцунски МВР набавило 90 возила во вредност од близу 108 милиони денари, додека од компанијата на Калеников, 60 возила, иако нивните понуди не биле најповолни, објави СЈО.

– Постои основано сомнение дека со незаконското повластување и доделување на договори за јавни набавки за купопродажба, сервисирање и одржување на патнички моторни возила за економските оператори Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје прибавил противправна корист, иако понудите што ги дале овие економски оператори не биле утврдени како економски најповолни понуди, што било единствен критериум за доделување на договор за јавна набавка, изјави на вчерашната прес конференција специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Доколку биле склучени договори со прворангираните економски оператори за секој од лотовите, што е и основата на Законот за јавни набавки, а не да се врши распоред по непостоечки критериуми, буџетот на Република Македонија ќе бил побогат за 27.894.555 денари или и 453.570 евра.

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close