Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Последниот ден од Пивофестот проследен со дожд и ниски температури. Според програмата, последната вечер ќе ја заокружат Тајфата и Димитар Андоновски, Џамбо Агушеви оркестар и за крај Северина.

Манифестацијата се одвива весело и без проблеми –  сметаат организатоите, прилепската локална самоуправа и невладиниот Центар за граѓанска иницијатива.

„Поминаа три незаборавни вечери на Фестивалот, имаше многу позитивна енергија и дружење, многу испиено пиво, изедена скара и се’ она што со себе го носи Пивофестот. Имаме луѓе дојдени тука од сите страни. Сите патишта од Македонија деновиве водат во Прилеп. Очекуваме забавата да кулминира вечер со настапот на главната ѕвезда Северина“, изјави прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.

Синоќа на фестивалот настапија Елена Велеска, Анабела и Харис Џиновиќ.

Додади коментар

Би те интересирало и

Почнува 29-тата Поетска ноќ во Велестово

Во Велестово на падините на планината Галичица вечер во 21:00 часот започнува 29-тото издание на манифестацијата ...

Почина Честер Бенингтон, пејачот на „Линкин Парк“

Честер Бенингтон, пејачот на мегапопуларната група „Линкин парк“ беше пронајден мртов во неговиот дом во Палос ...

Close