Поставени нови садници на градското дрво во Тетово кое беше уништувано од тетовци

Дел од садниците од градското дрво во Тетово кои изминатава пролет беа откорнати, денеска беа заменети со нови од невладината организација Еко свест.

Оттаму велат дека инсталациониот систем на дрвото кое во форма на билборд е поставено во центарот на градот и има улога на прочистување на воздухот функционира одлично и покрај откорнатите садници.

Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест, апелираше тетовци да не го уништуваат градското дрво, кое може да замени 275 природни дрва

Градското дрво е самоодржливо. Опстанува со помош на специјален мов. Се храни со помош на сончеви колектори и ги прафаќа дождовните води. Во време на сушен период, дрвото се наводнува од страна на Општина Тетово, рече Ана Чоловиќ Лешоска

Со цел да се заштитат садниците, на градското дрво денеска му беше поставена уште една заштитна жица. Освен во Тетово, градско дрво за прочистување на воздухот има поставено и во Скопје.

Додади коментар

Би те интересирало и

Стојановски четврти во второто олимписко финале

Македонскиот пливач, Андреј Стојановски го прoдолжува својот успешен настап на Олимписките игри за глуви што ...

Зголемен бројот на лекарски интервенции во Куманово

Службата за итна помош од Куманово регистрира од 10 до 15 проценти зголемен број на ...

Close