Постигнат договор: Реал најде замена за Пепе!

На крајот на сезоната искусниот Португалец, Пепе ќе го напушти Реал Мадрид, па раководството на „кралскиот“ клуб веќе бара замена – пренесува Спортски.

Пепе најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Кина, па поради тоа Реал Мадрид тргна во потрага по негова замена, а медиумите тврдат дека таа ќе пристигне од Порто. На радарот на „кралскиот“ клуб е 27-годишниот стопер на Порто, Фелипе Монтеиро. Наводно преставници на клубот веќе постигнале договор со неговиот агент, па останува уште двата клуба да постигнат договор.

Фелипе има договор со клубот од „Драгао“ до 2021 година и откупна клаузула од 50 милиони евра, но шпанските медиуми веруваат дека Реал може да го договори трансферот за околу 30 милиони евра.

 

Извор: www.sportski.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close