Почина жената ранета во семејната трагедија во Бутел

Утрово на Ургентниот центар во Скопје починала сопругата на човекот што во саботата си го уби внукот, а пукаше и во својата жена и ќерката, кои со тешки повреди беа префрлени во Ургентниот центар.

Околу 12.40 часот во саботата на улицата Хо Ши Мин, во Бутел 1, П.Т. (1933) со пиштол пукал во неговата сопруга П.Т., во неговата ќерка Л.С. (1959) и во внукот Т.С. (1985). На самото место починал внукот, а П.Т. извршил самоубиство.

Со возило на Итна помош во Ургентниот центар во Скопје се префрлени сопругата и ќерката. Утрово починала и П.Т. додека Л.С и натаму се наоѓа во животна опасност.

По наредба на ЈО телата на починатите се пренесени во Институт за Судска медицина.

Се работи на целосно расчистување на случајот. /макфакс/

Додади коментар

Би те интересирало и

Министерството за култура подготвува измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува текст за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското ...

Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока ...

Close