Почнува 15-то издание на „Актерот на Европа“

Пред 15 години, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското Езеро за меѓуграничен европски парк помеѓу Македонија, Грција и Албанија, беше покрената иницијативата за Интернационалниот театарски фестивал, на бреговите на Преспанското Езеро, Актерот на Европа.

15-то фестивалско издание започнува вечерва со прогласувањето на Марсел Бозоне за Актер на Европа за 2017. Вечерва во 21 часот во амфитеатарот во Ресен, легендата на францускиот и европскиот театар Марсел Бозоне ќе биде прогласен за Актер на Европа 2017. Во присуство на амбасадорот на Франција и претседателот на Светската асоцијација на театарски критичари Жорж Бани ќе биде прикажан документарен филм за лауреатот Бозоне, а во чест на јубилејот на фестивалот ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш и ректорот на Националниот универзитетот за филм и театар од Букурешт, Николае Мандеа ќе потпишат меморандум за заедничка соработка.

„Актерот на вропа посветена на трите земји кои што го делат езерото, на обединетото езеро и на обединета Европа“, истакна градоначалникот на Општина Ресен, Ѓоко Стрезовски, кој воедно ќе ги додели и наградите „Клучевите на Преспа 2017“ .

Натпреварувачкиот дел ќе биде отворен со претставата „Идиот“ на Достоевски, во изведба на академскиот театар од Букурешт, а во следните денови ќе се одржат претстави од Бугарија, Косово, Србија, Франција, Грција, Хрватска. Жирито со кое претседава Мето Јовановски, на завршната вечер ќе ги прогласи победниците.

Додади коментар

Би те интересирало и

Почнува 29-тата Поетска ноќ во Велестово

Во Велестово на падините на планината Галичица вечер во 21:00 часот започнува 29-тото издание на манифестацијата ...

Почина Честер Бенингтон, пејачот на „Линкин Парк“

Честер Бенингтон, пејачот на мегапопуларната група „Линкин парк“ беше пронајден мртов во неговиот дом во Палос ...

Close