По четири децении АБА се враќа на сцена со нов албум

Шведската група АБА по 40 години конечно се враќа на сцената со нов албум. Оваа информација на Твитер ја сподели Бени Андерсон, кој кажа дека по скоро четири децении со членовите на групата се веќе во студио и подготвуваат нов албум.

Оваа информација ја објавија речиси сите светски медиуми и за радост на обожавателите на нините песни, а ги има низ целиот свет, албумот се очекува да излезе во септември.

Додека да биде готов албумот, тие на својата публика ќе им подарат два нови сингла „ I still have faith in you“ и „Don’t shut me down“.

АБА е формирана во далечната 1972 година и нивните песни со години го имаа првото место на светските топ листи. Беа дел и од најголемото европско музичко натпреварување, Евросонг. Последниот албум им е издаден во 1981 година.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background
mk Macedonian
X