Празник на франкофонијата во МКЦ

Со регионален форум, младинска изложба и концерт на францускиот поп пејач Шарл Батист, во Младинскиот културен центар денеска ќе биде одбележан Празникот на Франкофонијата, во организација на Францускиот институт во Скопје.

Регионалниот форум „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“, како што е најавено, има за цел да го стави во фокус францускиот јазик како адут за професионалната иднина на младите во рамки на Балканот, но и да ги поврзе компаниите, институциите, универзитетите и училиштата во Македонија и во регионот.

Форумот опфаќа три тркалезни маси со учесници од Франција, Швајцарија, Бугарија и Македонија, на тема францускиот како јазик за меѓународна кариера, францускиот како јазик за вработување на младите и универзитeтски франкофонски програми достапни во Европа.

Во холот на МКЦ ќе биде поставена изложба на десетте најдобри учесници на фото натпреварот „Освен тоа, зборувам и француски!“, при што ќе бидат доделени наградите на тројцата млади автори на најдобри фотографии.

Вечерта во киното „Фросина“ концерт ќе одржи Шарл Батист, млад француски поп пејaч.

Преземено од: А1он

Додади коментар

Би те интересирало и

Со два концерти вечерва завршува музичката програма на годинешното „Охридско лето“

Со два концерти за претпоследниот ден на 37. фестивалско издание вечерва завршува музичката програма на ...

Над 60 филмови на осмиот „Македокс“, кој почнува вечерва

Со македонската премиера на документарниот филм „Со љубов“, снимен по сценарио на Атанас Георгиев и ...

Close