Пратениците на пауза, се договара продолжението на седницата

Собраниската седница на која попладневно продолжи расправата по изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, што е на дневен ред на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија е прекината по барање на БЕСА со цел да се свикаат претставници на  политичките парии за да се договорат како ќе се продолжи со работа.

Претседавачот со седницата, Трајко Вељаноски даде пауза од еден час и ги повика на работна средба.

Африм Гаши ги повика пратениците на разумност и да се оди на постепено затворање на техничките постапки:

„Ние сме тука и ги застапуваме интересите на сите граѓани. Два милиони луѓе чекаат да видат какви одлуки ќе донесеме ние. Многу сме далеку од избор на претседател, влада…., да бидеме разумни и постепено да почнеме да ги затвораме техничките постапки“.

Во дебатата попладневно преовладуваа дискусии околу тиранската платформа и употребата на јазиците. Претениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да го претстават договорениот закон за јазиците со албанските партии во земјава, додека од СДСМ забележуваа дека треба да се дебатира за составот на Комисијата.

„Пред да поминеме на каква било друга постапка да го видиме договорениот закон за јазици, не заради нас, туку заради граѓаните“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата сопартијка Нада Ципушева, исто така, потенцира дека треба СДСМ да даде одговор на граѓаните што содржи законот.

Петре Шилегов повика најпрво да се избере претседател во Собранието и влада, која потоа во собраниска процедура ќе го изложи тој закон, кој како што рече, ќе ја штити многу повеќе Македонија.

Томислав Тунтев од СДСМ побара од претседавачот да го одзема зборот на секој пратеник кој го узурпира времето со дебата која нема врска со точката на дневен ред.

„Ова е точка за Комисијата за избори и именувања“, нагласи Тунтев.

Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ праша зошто е поставена табла на албански јазик на ПИОМ во Охрид.

На оваа седница на дневен ред е и избор на претседател на Собранието на Република Македонија.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close