Прва Ревија на современиот грчки филм во Македонија

Од денеска до 30 март во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ќе биде одржана првата Ревија на современиот грчки филм во Македонија. Ќе бидат прикажани пет долгометражни филмови и краткиот филм „Смоква“ во грчко – шведска копродукција, кој е победник на Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје 2016 во програмата на кратки филмови.

Филмовите се со ангажирани тематики кои ги отсликуваат состојбите во актуелното грчко социјално – општествено милје, а имаат особен уметнички сензибилитет и израз.

Настанот е организиран од Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје со цел да се претстави кинематографијата и да се воспостави поблиска комуникација помеѓу македонската и грчката кинематографија

Грчката кинематографија е една една од регионалните кинематографии која е со најголем подем во последните години. Преку овој настан всушност се претставува една сосема нова генерација млади грчки режисери кои се дел од новиот филмски бран во Грција како што се Јоргос Латимнос и Атина Цангари кои се предводници на тој бран, но во нашата земја освен за нив не се знае за останатите автори, велат организаторите. На настанот како специјален гостин ќе присуствува режисерот на документарниот филм „Суровина“, Христос Каракапелис.

Додади коментар

Би те интересирало и

Кој ќе доцни на претстава – нема да присуствува

Новиот директор на МНТ, Драган Спасов – Дац, вчера преку својот профил на „Фејсбук“ напиша ...

Овации за документарецот „Со љубов“

Насмевки, емоции, аплаузи и бурни овации предизвика проекцијата на македонскиот документарен филм „Со љубов“, посветен ...

Close