Претседателот Иванов во посета на Унгарија

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во работна посета на Унгарија.

-Претседателот Иванов во Будимпешта ќе се сретне со претседателот на Унгарија, Јанош Адер, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и со претседателот на парламентот на Унгарија, Ласло Ковер – стои во соопштението од претседателскиот кабинет.

Иванов минатата недела беше во дводневна посета на Азербејџан, каде учествуваше на Форумот во Баку, а во меѓувреме ја одложи посета на Австралија, планирана за крајот на оваа недела, поради актуелната политичка состојба во земјава.

Утре во Македонија, како што е највено, треба да пристигне еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во рамките на напорите за наоѓање излез од актуелната политичка криза околу формирањето на новата влада. Тие, меѓу другото, се очекува да имаат средба и со претседателот Иванов.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close