Приватност и политика за користење на податоци

Радио Канал 77, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои процеси, имплементирајќи ги законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија.

Ве замолуваме внимателно да размислите за регулативите и начините за заштита на приватноста и личните податоци (Политика за приватност) што се собираат од страна на Радио Канал 77 (понатаму “контролор”).

Политиката за приватност на личните податоци на веб-страната го уредува начинот на кој  Радио Канал 77 ги собира, користи и одржува податоците собрани од корисниците на www.kanal77.mk веб-страната.

Со прифаќањето на Политиката на приватност ја давате вашата лична согласност за собирање и процесирање на вашите лични податоци од страна на Радио Канал 77, под условите наведени подолу.

Радио Канал 77 може да ја ажурира својата Политика на приватност и начините за користење на cookies во било кое време за целите на порамнување со моменталните регулативи.

Собирање и обработка на вашите лични податоци

Кога Вие, како посетител, ја пополнувате формата за регистрација на музичка анкета или квиз и притоа доброволно ни доставувате одредени лични податоци кои се зачувуваат, ние се обврзуваме дека ќе ги чуваме и користиме имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија и стандардите кои постојат во рамките на Компанијата.

Оваа Политика на приватност дефинира што се случува со личните податоци што Вие ни ги доставувате или со податоците кои ние ги превземаме додека Вие ги посетувате или користите нашите сервиси.

Кои лични податоци ги собираме?

При посета и користење на нашата веб страна, може да се запишат и процесираат следните податоци:

– име и презиме, град, поштенски код, адреса на живеење, email адреса,

– податоци собрани преку “cookies” – за повеќе детали видете во секцијата за Cookies

– информација за користењето на нашиот вебсајт

За кои цели?

Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви овозможиме online користење на нашите услуги. Притоа, Вашите личниподатоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

Рок на чување на податоците

Личните податоци се чуваат се додека субјектот на личните податоци не ја повлече согласноста. Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече дадената согласност.

Обработка на личните податоци

Обработката на личните податоци може да се врши:

– по претходно добиена согласност на субјектот на лични податоци;

Обработката на лични податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само доколку личните податоци се обработуваатсогласно погоре утврденото.

Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлечесогласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Политика за колачиња – Cookies

“Cookies” се текстуални фајлови кои ги користи пребарувачот во Вашиот компјутер и се состојат од технички податоци во врска сосесијата на посетителот. Овие фајлови сами по себе не го идентификуваат индивидуалниот посетител и не го оштетуваат Вашиот систем.

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookies итехнологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.

Радио Канал 77 користи “cookies” за собирање на општи податоци кои ќе се користат понатаму за потребите на веб услугата односно планирање и подобрување на сервисите што ги нуди Радио Канал 77. Радио Канал 77 никогаш не собира и чува лични податоци во “cookies” (на ниту еден од компјутерите што ги користи) кои притоа може да бидат искористени за нарушување на Вашата приватност.

Доколку не сакате да користите cookies, истите може да ги оневозможите преку сетирањата во Вашиот пребарувач.

GOOGLE Аналитика

Страната користи Google аналитика за да помогне во анализа на начинот на користење на Страната од Корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на Страната (вклучително и IP адресата) се проследуваат до Google. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на Страната од Корисниците и да се креираат статистички извештаи за активноста на Страната на Радио Канал 77 Ние нема да ја користиме статистичкита аналитичка алатка за пратење или собирање на било кои Лични идентификациониподатоци на Корисниците на нашата Страна. Google нема да ја придружи вашата IP адреса со било кои други ваши податоци кои се чуваат во Google. Ниту Радио Канал 77 ниту Google нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе IP адресата со идентитетот на Корисникот.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации.

Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат.

Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Откривање на вашите податоци

Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме Вашите податоци на други субјекти кои не се опфатени во оваа Политика,освен во следниве ситуации:

– Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата зазаштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива

Чување на вашите лични податоци

– Со цел за максимална безбедност на Вашите лични податоци, ние ги превземаме сите можни чекори на заштита.Користиме повеќе безбедносни технологии и процедури кои придонесуваат за заштита на Вашите лични податоци од неавторизиран пристап, користење или откривање на истите.

– Нашите вработени се обучени и запознаени со сите законски и безбедносни правила кои се однесуваат на заштитата налични податоци и се обврзани да се однесуваат согласно истите.

– Сите лични податоци кои ни ги доставувате Вие, се чуваат на сервери до кои има строго дефинирани и ограничениправила за пристап и истите се лоцирани во високо безбедносни зони.

Веб-страни на трети лица

На нашата веб страна може да наидете на Веб-страни на трети лица со кои имаме воспоставено меѓусебна соработка. Ние не ја контролираме содржината или врските кои се присутни на тие Страни и не сме одговорни за постапките на вработените од страните кои се поврзани кон или од нашата страна. Дополнително, наведените страни или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страни или сервиси може да имаат сопствени Политики за приватност на нивните веб-страни.

Вие како посетител сте обврзани да ги прочитате Политиките на приватност на соодветните страни пред да решите да испраќате дел од Вашите лични податоци.

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни. Последна промена: 25.05.2020


Во етер
Наслов
Изведувач

Background
mk Macedonian
X