Пронајден е оригиналниот Mustang од култниот филм Bullitt (видео)

Ford Mustang користен во легендарниот филм со Стив Меквин е сосема случајно пронајден во Мексико.

Трилерот Bullitt од 1968 содржи една од најспектакуларни сцени на автомобилска потера снимени за големото платно и тоа без никакви специјални ефекти.

Зад управувачот на Ford Mustang навистина бил Стив Меквин, кој беше расен тркач на две и четири тркала.

Едниот од двата користени Понија во филмот го купил Стив, но подоцна го продал, со тоа што никој не знае како сега се појавил во Мексико. По верификацијата со VIN бројот и потврдата од страна на неколку стручњаци прецизирано е дека станува збор за оригиналниот автомобил.


Кога реставрацијата ќе заврши се проценува дека овој Mustang ќе вреди барем еден милион долари.

Извор: ВисокиОктани

Додади коментар

Би те интересирало и

На која возраст мозокот најдобро работи?!

Со помош на магнетна резонанца, научниците го анализирале мозокот на 359 луѓе, на возраст помеѓу ...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на својата ординација објави соопштение, кое стана ...

Close