Протест во Општина Боговиње поради доцнење на плати во просветата

Преку едночасовен протест, просветните работници од Општина Боговиње го изразија револтот поради доцнење на мајската и јунската плата.

„На четиристотини вработени во просветата од Општина Боговиње, не им се иплаќаат платите затоа што ппштината нема градоначалник и нема кој да им ги потпише“, вели Неби Адеми вработен во Основно училиште во Боговиње.

Дел од просветните работници, коментираат дека Советот на Општина Боговиње досега требал да избере ВД градонаначалник, кој бил го заменик претходниот Хазби Идризи, кој во мај годинава беше смртно застрелан. Директорот на Основното училиште во Боговиње, Сафет Рамадани вели дека тесно партиските интереси на советниците, биле причината што не се избрало негов заменик.

Подршка на протестот дадоа од Синдикатот за образование и наука. Оттаму изјавија дека доколку не се постигне договор во советот, како што дозволува законот ќе побараат владата да избере ВД градоначалник на Боговиње.

Додади коментар

Би те интересирало и

Со силна експлозија во Штип уништена авионската бомба

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше ...

Средба на Заев со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ

На денешната посета на Босна и Херцеговина, премиерот Зоран Заев се сретна и со Бакир ...

Close