Путин го посети Арктикот за да го потврди руското присуство

Рускиот претседател Владимир Путин посети еден архипелаг на Арктикот, истакнувајќи ја потребата да се заштитат руските економски и безбедносни интереси во регионот на Северниот пол.

Неговата посета на Арктикот е дел од напорите на Русија да го потврди своето присуство во тој регион богат со нафта, наведе агенцијата AP.

Путин го посети архипелагот на кој руската војска неодамна изгради писта и работи на отворање на постојана база.

Кремљ наведе дека потврдувањето на присуството на Русија на Арктикот е меѓу главните приоритети во екот на засилените тензии заради ривалството во тој регион, за кој се верува дека содржи и до една четвртина од вкупните сè уште неоткриени светски резерви на нафта и гас.

„Природните извори, кои се најважни за економијата на Русија, се концентрирани во овој регион“, оцени Путин, пренесуваат руските агенции.

Рускиот претседател уште наведе дека вредноста на суровините на Арктикот се проценуваат на 30 илјади милијарди американски долари.

Русија, САД, Канада, данска и Норвешка се обидуваат да стекнат надлежност над делови на Арктикот, додека намалувањето на поларниот мраз ги отвора можностите за подморска експлоатација.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Меркел: Германските власти нема да толерираат мешање однадвор во предизборниот натпревар

Германската Влада нема да трпи обиди за мешање во предизборната борба, изјави синоќа канцеларката, Ангела ...

Турцијa: Приведени петмина борци на ИД кои планирале напад во Истанбул

Турските безбедносни сили приведоа петмина борци од терористичката групација „Исламска држава“, кои планирале да извршат ...

Close