Работнички против Динамо Минск, Шкендија со Хелсинки

По комплетирањето на првото квалификациско коло од Лига Европа познати се противниците на македонските екипи за второто коло од квалификациите кое ќе се игра на 13 и 20.јули. Работнички за противник ќе ја има екипата на Динамо Минск од Белорусија, тим кој пред неколку сезони во ова натпреварување беше подобар од Ренова со вкупен резултат 3:2. Инаку, Динамо Минск ја елиминираше екипата на Рунавик од Фарски острови со две победи 2:0 (гости) и 2:1 (дома).

Тетовска Шкендија по двата триумфа над Дачија (7:0 вкупен резултат) за ривал ќе ја има екипата на Хелсинки од Финска, која во реваншот синоќа го победи Конас од Велс со 3:0 и ја анулираше негативата од првиот дуел (0:1).

Според извлекувањето на двојките, македонските екипи првите натпревари треба да ги играат на домашен терен.

Додади коментар

Би те интересирало и

Младата ракометна репрезентација поразена од Тунис на светското првенство во Алжир

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Светското првенство за играчи до ...

Отворен ден на Вардар: Фотографија со пехарот од ЛШ и автограм од ѕвездите

Европскиот ракометен првак Вардар организира „отворен ден” и на сите свои фанови ќе им овозможи во ...

Close