Разбојници со автоматски пушки ограбиле бензинска пумпа во Сарај

Тројца разбојници вооружени со автоматски пушки ограбиле бензинска пумпа во Сарај.

Според информациите на МВР, утринава, во 2 и 20 часот, на бензинска пумпа  „Имо Оил“ во скопско Сарај, три непознати маскирани лица, вооружени со автоматски пушки,  физички го нападнале вработениот, при што му одзеле околу 20.000 денари и неговиот паричник во кој имало 1.000 денари.

Тие украле документи и еден ресивер од безбедносните камери од пумпата, по што го затвориле вработениот во една од просториите и избегале.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close