Ребалансот на буџетот на дневен ред на собраниските комисии

Во Собранието почнува расправата по Предлогот за измени и дополнување на Буџетот за 2017 година.

Ребалансот на Буџетот е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со него се предвидува дефицитот да остане 2,9 отсто од БДП, а растот да изнесува 2,2 проценти наместо првично предвидените 3 отсто од претходната влада и проектираните 2,8 од Светска банка, односно 2,7 отсто од НБРМ.

Скратени се сите непродуктивни трошења на Владата и на сите нејзини институции како што се службени патувања, презентации, економски промоции и рекламирање со што е направена заштеда на финансиски средства. Од Владата посочуваат дека обезбедени се средства за укинување на радиодифузната такса, за субвенционирање на минималната плата која од 1 септември треба да изнесува 12.000 денари, како за трајно решавање на проблемот со стечајните работници.

Предвидено е кратење на расходите од речиси три милијарди денари и на капиталните инвестиции за исто толку, но, како што појасни премиерот Зоран Заев, ќе се реализираат сите веќе започнати инфраструктурни проекти, а ќе се додадат и некои нови.

Вкупните приходи се проектирани на 184,7 милијарди денари, расходите на 203,3 милијарди денари, а буџетскиот дефицит на 18,6 милиајрди денари или 2,9 отсто од БДП.

Предвидено е со  девет милиони евра да се дополнат сите активни политики и мерки за поддршка на нови вработувања, пред се за младите луѓе и за проектот „Гаранција за младите луѓе“ кој, како дел од Програмата на новата Влада, предвидува на секој млад човек, државата да му понуди вработување или дошколување, практика и тренинг за да биде конкурентен на пазарот на трудот и да сака да остане да работи во својата земја.

Со околу 135 милиони денари ќе се обезбеди поддршка на малите и средните претпријатија, како и на домашни гринфилд инвестиции, а 500 милиони денари се наменети за поддршка во привлекување на донации од ИПА програмата за интензивирање на активности поддржани од Европската унија во предпристапниот период.

Ребалансот на буџетот е на дневен ред и на собраниската Законодавно-правна комисија.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close