Рекорден број на странци во Германија

Во текот на 2016 година во Германија живееле околу 10 милиони странски државјани, што претставува досега најголем регистриран број на странци во земјата – соопшти германската Федерална статистичка служба.

Според службата, лани во однос на 2014 година, бројот на жители на Германија со странски пасоши се зголемил за 1,9 милиони или за 23 отсто.

Од вкупниот број жители на Германија во 2015 година, дури 17,1 отсто биле со мигрантско потекло, а проценките се дека во 2016 година тој процент е поголем.

Ваквото драстично зголемување на бројот на странци во Германија се објаснува со приливот на мигранти, пред се од Сирија, Ирак и Авганистан, во последниве две години, како резултат на политиката на германската канцеларка Ангела Меркел на „отворени врати за бегалците“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Француски полицајци ќе вршат контроли на албанските гранични премини

Француски полицајци на почетокот на септември ќе прстигнат во Албанија како помош на нивните албански ...

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас ги прекина сите контакти со Израел

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас вчеравечер нареди да се замрзнат сите официјални контакти со Израел, се ...

Close