Ристовска: Ниедна од отворените истраги не е поврзана од медиумите

Поради вашиот политички притисок врз дел од медиумите ние одлучивме да ги спуштиме камерите и да не ги следиме вашите прес конференции – со овие зборови еден телевизиски новинар и’ се обрати на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на почетокот од денешната прес конференција, на која СЈО обелодени 4 нови истраги.

Ова Обвинителство изминатиот период често се соочува со обвинувања дека врши притисоци врз медиумите и слободата на изразувањето. Обвинувањата следуваат по неодамнешната истрага на СЈО, позната како „Труст“ во која како осомничен се јавува и еден сопственик на медиум, но истрагата е поврзана со една друга негова фирма, а не со медиумот.

Поради ова, обвинителката Ленче Ристовска реагираше на она што се случи денеска, но и она што, како што изјави таа, се случува изминатиот период.

„СЈО е професионална инстутуција која работи во интерес на граѓаните на Република Македонија почитувајќи ги сите законски прописи. За нас сите се еднакви според Уставот и законите, но ако некој сторил кривично дело ќе одговара, а неговите активности во рамките на една професионална истрага ќе бидат предмет на ревизија. Во оваа насока би укажале дека ниеден медиум не е под истрага во ова обвинителство до овој момент“, изјави таа. Има отворени истраги но ниту една не е против некој медиум, за да се зборува дека ние правиме директни притисоци врз медиумите.

„Доколку одредени лица коиштво се сопственици или на друг начин поврзани со одреден медиум, сториле кривични дела коишто се сами за себе кривични дела и не се воопшто поврзани со работењето на медиумите се разбира дека во интерес на сите е да се утврди дали навистина тие кривични дела се сторени, да се спроведе истрага и наодите од истрагата да покажат подоцна дали ќе стои кривична одговорност за овие лица. Најостро ги демантираме сите тврдења дека ние правиме притисок на медиумите“, потенцираше обвинителката.

Според неа, за правилно и објективно информирање на сите граѓани,  медиумите треба да бидат информирани за работата на ова јавно обвинителство.

„Гестот на кој денеска бевме сведоци единствено оневозможува дел од населението во Република Македонија да биде информирано за нашите активности, а тоа е важно во интерес на принципот на владеење на правото“, додаде Ристовска,

Инаку, нејзината колешка Фатиме Фетаи денеска ги обелодени деталите за новите финансиски истраги „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“.

Додади коментар

Би те интересирало и

ДОМ: Министерствата направиле законски прекршување при издавање на дозволите за отворање рудници

Најмалку четири министерства направиле законски прекршувања во процесот на издавање на концесиите за отворање рудници ...

На Македонија и’ треба еколошки Прибе се согласија заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и екологистите

На Македонија и’ треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда. Министерството и владата ...

Close