Робот-келнерка го унапредила работењето на една пицерија во Пакистан

Сопствениците на една пицерија во Пакистан рекле дека работењето им се подобрило откако вовеле келнерка-робот. Инженерот Осама Џафри, автор на роботот тежок 25 килограми, рече дека таа машина може да ги поздрави гостите и да ги однесе пиците до нивните маси.

Роботот изгледа како ниска, витка жена која носи долг фустан и престилка, како и шал околу вратот за да не ги навреди конзервативните гости. Џафри рече дека продажбата во ресторанот „Pizza.com“ во пакистанскиот град Мултан е удвоена од кога во февруари беше воведен роботот.

Сопственикот на ресторанот и татко на Џафри, Азис, рече дека има уште три келнерки кои се роботи и дека планира да отвори нов деловен објект.

„Некогаш продавав пици, но сега сопствениците на ресторани сакаат да купат роботи од мене“, вели сопственикот на пицеријата.

Додади коментар

Би те интересирало и

Музиката ја зголемува физичката сила

Канадски научници спровеле истражување кое покажало дека музиката може да го намали чувството на напор ...

Малезија ја забрани песната „Деспасито“ поради „неисламски“ текст

Властите во Малезија забранија емитување на популарната песна „Деспасито“, поради „неисламската содржина“ на текстот на ...

Close