Ројтерс: 15 напади кои ја окрвавија Европа во последните 2 години

По повод нападот во Лондон, агенција Ројтерс ги сумира  нападите во Западна Европа во последните две години.

22 март 2017 година – напаѓач прегази луѓе по мостот Вестминстер во Лондон и потоа избоде полицајци пред парламентот, по што беше ликвидиран. Загинатите се 4, а повредените 40.

18 март 2017 година – маж нападна воена патрола на аеродромот Орли во Париз, откако претходно беше пукал врз полициска патрола. Тој беше застрелан.

3 февруари 2017 година – маж, сe размава мачете и викаше  “Алах е голем”, нападна воена патрола пред трговски центар на влезот на музејот Лувр во Париз. Тој беше повреден. Идентификуван беше како египетски државјанин.

19 декември 2017 година радикализиран Тунижанец украл полски камион и удри во мноштво луѓе на божиќен базар во Берлин. Загинаа 12 лица. Истрагата покажа дека напаѓачот бил следбеник на Исламската држава, која ја презеде одговорноста за нападот. Тој дошол во Европа како мигрант и беше застрелан неколку дена подоцна во предградие на Милано.

26 јули 2016 година – двајца напаѓачи заклаа  свештеник и ранија заложничка во црква во Сент Етјен ду Рувре во Франција. Напаѓачите беа ликвидирани. Тие се се ветила верност на Исламската држава.

24 јули 2016 година – 21-годишен сириски бегалец беше уапсен откако уби бремена и рани две лица со мачете во германскиот град Ротлинген. Полицијата рече дека нема индикации дека станува збор за тероризам.

24 јули 2016 година – Сириец рани 15 лица како се разнесоа во реонот на музички фестивал во германскиот град Анбах. ИД презеде одговорноста за нападот. 27-годишниот напаѓач дошол во Германија пред две години и побарал азил. Тој помина и во Бугарија, а во Германија имал голем број на проблеми со полицијата.

22 јули 2016 година – 18-годишен германско-Иранец уби 9 лица во трговски центар во Минхен. Напаѓачот немал врски со исламистите, а се восхитуваал на масовните убијци. Нападот се совпадна со петтата годишнина од масовното убиство на десетици луѓе од Норвежанецот Андерс Брајвиг во Осло и на островот Јуто .

18 јули 2016 година – 17-годишен авганистански бегалец со секира и нож ги нападнаа патниците на воз во реонот на германскиот град Вирцбург и рани четири лица, пред да биде ликвидиран. ИД ја презеде одговорноста за нападот.

14 јули 2016 година – Машко удри камион во мноштво на крајбрежниот булевар на Ница во Франција и уби 86 лица. Повредените беа над 450. ИД ја  презеде одговорноста за нападот, а напаѓачот е идентификуван како жител во Франција Тунижанец.

14 јуни 2016 година – Французин од мароканско потекло уби полициски командант пред неговиот дом во предградие на Париз, а потоа и неговата партнерка,која  исто  така работела во полицијата. Потоа го  зеде малото дете за заложник и за време на заложничката криза во станот на убиените полицајци, тој им  рече на полициските преговарачи дека дејствувал по повик на ИД.

22 март 2016 година – тројца бомбаши на ИД , сите белгиски државјани, се разнесеоа  на меѓународниот аеродром на Брисел Завентем и на метро станица Маалбек во градот и убија 32 лица. Повредени беа 340 лица. При истрагата беа откриени врски на напаѓачите со нападите од ноември 2015 година во Париз.

1 3 ноември 2015 година – серија напади во Париз по кафулиња, ресторани, барови, концертната сала Батаклан и Стад де Франс со учество на три групи од по тројца терористи камикази  со  саморазнесување , масовно убиство и земање и стрелање на заложници загинаа на 130 лица. Повредени беа 368 лица. ИД ја презеде одговорноста за нападот. Тројца од извршителите беа француски државјани. Двајца – белгиски државјани. Сите беа ликвидирани или се саморазнесоа. Преживеа Французинот Салах Абдеслам, чија улога сеуште не е разјаснета . Тој е во белгиски притвор.

9 јануари 2015 година – Обоениот француски следбеник на ИД Амеди Кулибали зеде за заложници клиенти на еврејски супермаркет во Париз и уби четворица од нив. Ден пред тоа тој уби општинска полицајка во предградие на Париз. Кулибали беше ликвидиран од полицијата.

7 јануари 2015 година – радикализираните  браќа Куаши ја нападнаа редакцијата на сатиричниот весник . “Шарл ебдо” и убија 12 лица, вклучувајќи ги и водечките новинари и карикатуристи. Напаѓачите бршр  ликвидиран два дена подоцна паралелно со ликвидирањето на Кулибали. Истрагата покажа дека Куаши и Кулибали се соучесници.

24 мај 2014 година – четири лица беа убиени во пукање во еврејскиот музеј во Брисел. Напаѓачот е францускиот државјанин Мехди Нему. Тој беше уапсен во Марсеј во Франција и екстрадиран во Белгија, каде ќе биде суден.

Превземено од: Локално

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close