Рускиот хакер за чија глава ФБИ дава 3 милиони долари

За дојава која ќе води до апсење на Евгениј Богачев ФБИ ја понуди досега најголемата награда за сајбер криминал (за Караџиќ и Младиќ беа понудени 5 милиони). А типот е како да е излезен од роман на Иан Флеминг.

Запознајте го Евгениј Михајлович Богачев, човекот кој сака бесни автомобил и бесни чамци и јахти, махер е за лажни идентитети и за негово апсење ФБИ нуди 3 милиони долари.

Њујорк тајмс деновиве објави профил на најбараниот сајбер криминалец на светот, 33 годишниот хакер за кој се претпоставува дека живее во еден луксузен комплекс на Црното море, во јужна Русија.

Кога не ака со чамците, Богачев контролира милиони компјутери ширум светот кои освен за неговите лични цели, веројатно им служат и на руските известувачки служби. Пред неколку години преку инсталиран малвер, Богачев исцеди стотици милиони долари од банкарски сметки, некои од нив и во САД. Неговиот GameOver ZeuS успеа со години да не биде откриен

Има ергела прескапи коли, поседувал две вили во Франција и три различни руски пасоши со кои успева да минува граници. Велат и дека низ градови во цела Европа има паркирано свои автомобили за да не мора да рента коли кога патува по Европа.

Во Русија отворено живее под своето име бидејќи знае дека Русија и САД немаат договор за екстрадиција. А бил екстремно параноичен.

Извор: off.net.mk

 

Додади коментар

Би те интересирало и

„Сандеј Тајмс“: Кралицата Елизабета нема да се повлече за Чарлс да стане регент

Британската кралица Елизабета II нема намера да се повлече од британскиот престол за нејзиниот син, ...

Во Холандија се бара враќање на визите за албанските граѓани

Полицијата и обвинителството во Амстердам бараат од холанската Влада да го врати визниот режим за ...

Close