Самка Ибраимовски пред гостиварци ја презентираше дел од владината програма за подобрување на животниот стандард на ромското население

 

Акциони планови за подобрување на состојбата на ромите во образованието, културата и вработување, се дел од владината програма за подобрување на состојбата на животот на ромското население, кои во Гостивар ги презентираше министерот без ресор Самка Ибраимовски задолжен за имплементацијата за подобрување на состојбата на ромите во Македонија.

Ибраимовски рече дека преку Агенцијата за вработување, ќе се спроведуваат проекти за самовработување наменети за загрозени семејства, претежно од ромската популација.

Тој истакна дека ќе се зголеми социјалната парична помош, која за четиричлено семејство без приходи ќе треба да изнесува 12 000 денари. Покачувањето ќе се одвива во две фази а ќе започне од 2018 година.

Тој истакна дека во наредниот период ќе ги посети и градовите Кочани и Прилеп каде пред ромското населени ќе ги презентира програмите на владата во насока на подобрување на животот на ромите.

Додади коментар

Би те интересирало и

Министерството за култура подготвува измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува текст за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското ...

Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока ...

Close