Санчез сериозно повреден, нема да настапи за Чиле следната недела?

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез веројатно сериозно се повреди на вчерашниот дуел против ВБА во 29. коло од Премиер лигата. Санчез заработи повреда на листот мораше да биде заменет во 78. минута, а Арсен Венгер порача дека тој нема да настапи за репрезентацијата на Чиле следната недела.

Санчез не требаше да игра во второто полувреме, но тој инсистирашеи на крајот моравме да го извадиме од игра заради повреда. Ако е само удар, тогаш тој ќе игра за репрезентацијата, но доколку ги повредил лигаментите, тогаш ќе остане во Лондон“, истакна Венгер.

Арсенал на 2 април на домашен терен игра против Манчестер Сити, екипа со која ќе се соочи во полуфиналето на ФА Купот.

Извор: Гол

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close