Саша Богдановиќ: Изјавата на Каракачанов е акт на воена закана (ВИДЕО) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Саша Богдановиќ: Изјавата на Каракачанов е акт на воена закана (ВИДЕО)

– Како што ја осудувам поранешната изјава на Шешељ за Македонија, така силно сум револтиран и од изјавата на Каракачанов да ни испрати инженериски полк за да ги симне сите спомен обележја за бугарскиот окупатор и тоа според мене е акт на воена закана кон нашата држава- вели Сасша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

 Црковната венчавка и церемонија во Грачаница е личен симбол на љубов и на семејна традиција за него и неговата сопруга и непотребно му се даде политичка димензија.
– Црковните прашања нека си ги решаваат црквите и каноните. Јас верувам во бога, редовно одам на литургии во македонските цркви и ако МПЦ добие признаавње од Вселенската патријаршија тоа секако дека ќе го почитувам. Јас живеам во Македонија, крстен сум во македонска црква, иако сум Србин кога играат Македонија и Србија навивам за мојата држава и се разбира секогаш за Работнички – вели Богдановиќ.
Тој потенцираше дека има многу кривични пријави во судска постапка за Скопје 20014, за катните гаражи и секако дека криминалот, корупцијата и урбаното насилство ќе бидат санкционирани.
 „Мал Ринг”‘ е доста специфичен и комплексен план, и во  предлог планот што го поднесе општината има значителни измени за подобрување и спречување на нешто што претходно било планирано и отстранување на многу делови кои што можеа да го доуништат централното градско подрачје.

– Ние моравме да го доотвориме планот се со цел да може да се дискутира и секоја институција да си го каже своето мислење. Општина Центар не може да одлучи што ќе прави со плоштадот за тоа одлучува Град Скопје. За Спомен куќата на Мајка Тереза треба Министертсвотот за култура. Ние ги добивме забелешките и добивме конкретни предлози и веќе постапуваме – рече Богдановиќ.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background