СДСМ претпладнево поднесува иницијатива во Собранието

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во 10:30 часот во Собранието на Република Македонија ќе поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која, според најавите, треба да биде избран претседател на законодавниот дом, соопштија од СДСМ.

Веднаш по поднесувањето на иницијативата, во прес-центарот на Собранието, изјава за медиумите ќе даде пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Вчера пак, од ДУИ соопштија дека лидерот на партијата, Али Ахмети, на вчерашната средба го информирал амбасадорот на Словенија во земјава, Милан Јазбец за иницијативата за парламентарна координација за избор на претседател на Собранието.

– ДУИ има разговарано со главните парламентарни партии за иницирање парламентарна координација за да продолжи и да заврши конститутивната седница на Собранието. Новоизбраниот претседател на Собранието по завршувањето на таа седница треба да го информира претседателот на државата за новото парламентарно мнозинство и да побара доделување на мандатот за формирање влада – рекол Ахмети на средбата со Јазбец.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close