Се враќа францускиот јазик во штипските училишта

За разлика од порано, во Штип веќе нема многу заинтересираност за изучување на францускиот јазик, но учениците кои ќе покажат афинитети, од догодина ќе имаат шанса да го изучуваат како втор странски јазик – информираа денеска од  Општината.

Петооделенците од штипските основни училишта, во консултации со нивните родители преку анкетни листови ќе се изјаснуваат за тоа дали сакаат покрај англискиот, да го изучуваат и францускиот јазик. Ова е впрочем и првата фаза од проектот насловен „Сензибилизација на францускиот јазик“, кој Општина Штип го спроведува во соработка со Националната комисија за франкофонија при Министерството за надворешни работи, како и со Здружението на професори по француски јазик.

Според Соња Николова од  општина Штип, проектот има за цел да го афирмира  францускиот јазик кај учениците:

„Проектот ќе значи запознавање на учениците со одредени теми и содржини од францускиот јазик коишто ќе бидат на елементарно или основно ниво. Преку песни, игри и одредени други содржини кои ќе значат изучување на францускиот јазик подетално учениците ќе може да се запознаат со неговите карактеристики. Првата фаза е во тек, анкетните листови се поделени и така родителите и учениците  ќе се изјаснат во овој процес. Кога ќе ги добиеме резултатите , ќе ги сумираме од сите основни училишта ќе видиме каков е интересот па ќе ја отпочнеме следната фаза. Сега се држиме до петто оделение бидејќи е тоа последно одделение од одделенска настава, а следната година ќе имаат избор да се одлучат за друг странски јазик, освен англискиот. Групата треба да опфаќа најмалку 15 ученици и тогаш дополнително ќе биде ангажиран професор кој е член на ова Здружение“.

Инаку, во моментот францускиот јазик го изучуваат неколку ученици во Основното училиште „Ванчо Прке“  и во две подрачни училишта.

Додади коментар

Би те интересирало и

ДОМ: Министерствата направиле законски прекршување при издавање на дозволите за отворање рудници

Најмалку четири министерства направиле законски прекршувања во процесот на издавање на концесиите за отворање рудници ...

На Македонија и’ треба еколошки Прибе се согласија заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и екологистите

На Македонија и’ треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда. Министерството и владата ...

Close