Се затвара ли најголемиот комбинат за никел во Кавадарци, Фени Индустри

Деновиве во јавноста писмено се обратија група на вработени од кавадаречкиот комбинат за никел Фени индустри, насловено како „Се затвора нашето Фени“. Во писменото обраќање тие велат дека адвокатот на компанијата ја спремал за банкрот и дека сите ќе останат без работа.

– Според нив, на директорот, Јусуф Мирмедов му биле веќе подготвени куферите за да бега, а негов човек бил оставен да ја контролира ситуацијата, да ги заплашува и замолчува. Велат дека трпението им е при крај, зашто скоро цела година гледале како ја упропастуват фабриката, продавале се’ шо можело да се продаде а фирмите ќерки на Фени ги дале подарок на нивни блиски луѓе за да пумпаат пари од нив. Тврдат и дека сегашното раководство натрупало долгови спрема сите добавувачи, транспортери, банки, а покрај тоа работниците секојдневно живеат, со притисоци, малтретирање, драстично намалени плати кои доцнеле и не се сеќаваат кога последен пат зеле плата пред 20 во месецот. Тие одат дотаму што обвинуваат дека ги преминале сите граници и закони, досега ги штителе високи личности на претходната власт а за сметка на тоа наместо кавадаречки со фирмата работеле струмички камиони. Со фирмите ќерки на комбинатот Нова Логистика и Нова рефрактори велат дека се направил огромен криминал, а Фени се раскрчмил. Го обивнуват и синдикатот кој важел само како пион на менаџментот на фабриката, послушници кои ништо не преземале, а имале одговорност кон 1000 фамилии кои од Фени егзистирале.

– Без Фени, Кавадарци ќе замре а штетата ќе биде огромна за сите. Ние ќе изгубиме се’ што имаме и спремни сме пак да излезиме на автопатите како пред 20 години и да се бориме за спас на нашите работни места и живот а на менаџерите им порачуваме дека нема лесно да им дозволиме да се извлечат по се’ што ни направија – велат работниците.

За ваквите обвинувања и состојби во кавадаречкиот гигант побаравме став и од менаџментот но како и секојпат досега тие останаа глуви на нашите барања.

 

Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Стартуваше бербата на трпезното грозје во тиквешкиот регион

Во најголемиот лозарски регион, тиквешкиот, стартуваше бербата на трпезното грозје, цената за килограм од сортата ...

Туризмот на Попова Шапка во летниот период од година вгодина оди во надолна линија.

Туризмот на Попова Шапка во летниот период од година вгодина оди во надолна линија, согласни ...

Close