Се’ за храна: Дали правилно ја користите алуминиумската фолија?

Сигурно и вие во кујната имате алуминиумска фолија. Mожеби сте слушнале дека е штетна, па затоа е важно нејзиното правилно користење. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат за најдобра употреба на алуминумската фолија:

Покријте ја тавата при крајот на печењето

Алуминиумската фолија може многу да ви помогне при спремање на храната. Доколку не сакате кожата на пилето или мисирката да ви загори за време на печењето, пред крајот, покријте ја тавата со алуминиумска фолија.

Не користите алуминиумска фолија доколку јадењето го приготвувате во микробранова печка

Немојте да ја користите алуминиумската фолија во микробранова печка, затоа што може да се оштети. Алуминиумот ги одбива електромагнетните бранови, па храната се готви нееднакво.

Не ја чувајте храната во алуминумска фолија доколку е приготвена со сос од домати

Ако храната која ја приготвувате е богата со киселини, како кисело овошје, домати или сос од домати, немојте да користите алуминиумска фолија. По неколку денови во фолијата, киселините, на пример од лазањата, реагираат со алуминиумот и доаѓа до уништување на фолијата. Храната може да добие и метален вкус, а тоа воопшто не е здраво.

Совет плус: Она што е важно е да не претерувате со користење на алуминиумската фолија, затоа што на тој начин може да дојде до зголемување на нивото на алуминиум во телото, повеќе од дозволеното. При печење на храната потрудете се да ја користите на температура пониска од 150 степени, доколку е можно. Бидејќи често доаѓаме во контакт со алуминиум (лименки, козметика и слично), препорачливо е повремено да направиме детоксикација на телото. За тоа може да ви помогнат свеж сок од лимон, куркума, лук, морските алги и магдоносот.

Ви предлагаме да прочитате: 10 практични трикови со алуминиумска фолија.

Превземено од: sezahrana.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

БиХ ќе влегува во Гинисовата книга со најголем бурек на светот

Група ентузијасти од Босна и Херцеговина ќе организираат печење на најголемиот бурек во светот со ...

Најнепосетени туристички дестинации во светот

Според извештајот на Светската организација UN, во 2016-та година, само 1000 луѓе го посетиле јужно-пацифичкиот ...

Close