Се’ за храна: Домашен сос за скара и маринирање на месо – BBQ сос

Сосот за скара особено е популарен во Америка, но во последно време и кај нас почесто може да се најде на рафтовите во маркетите. Тој може да се користи како додаток во јадењата, за маринирање на месото, за декорација или прелив за месо кое е подготвено на скара или печено. Овој сос за скара најдобро се комбинира со свинско месо, пилешко или телешки ребра.

Бидејќи кај нас ретко се наоѓа, а цената е малку повисока, ви предлагаме да го направите дома. Подеднакво е вкусен како и купечкиот, а времето за подготовка е околу 5 минути.

Состојки:

  • 1 чаша кечап
  • 2 лажици светол кафеав шеќер
  • 2 лажици јаболкова киселина
  • 2 лажици ворчестер сос
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица табаско сос
  • 1 ¼ лажица црвена пипер
  • ¼ мала лажица сол
  • ¼ мала лажица свежо мелен црн пипер
  • ½ мала лажичка оригано.

Подготовка:

  1. Во мало тенџере ставете ги сите состојки. Тенџерето ставете го на оган на умерена температура. Измешајте ги со лажица за да се соединат и варете ги за време од 5 минути.
  2. Сосот оставете го да се излади, а потоа ставете го во стаклена тегла и затворете го со капак. Чувајте го во фрижидер и користете го по потреба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за песто сос – прилог за тестенини.

Превземено од: sezahrana.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

На која возраст мозокот најдобро работи?!

Со помош на магнетна резонанца, научниците го анализирале мозокот на 359 луѓе, на возраст помеѓу ...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на својата ординација објави соопштение, кое стана ...

Close