Се’ за храна: Зошто босилекот треба да биде вклучен во секојдневната исхрана? – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Се’ за храна: Зошто босилекот треба да биде вклучен во секојдневната исхрана?

Дали знаете дека постојат преку 160 различни врсти на босилек? Тие се разликуваат во бојата, аромата и големината на растението. Но, лековитите својства кои ги поседуваат се многу слични. А во текстот кој следува ви откриваме зошто босилекот треба да биде вклучен во секојдневната исхрана.

Босилекот најповеќе се користи во Италија за подготовка на познатите италијански јадења. Песто е еден од најпознатите сосови кој се приготвува со свеж босилек, лук, пињони, маслиново масло и пармезан.

Во нашата кујна, босилекот ретко наоѓа примена, но во последно време, трендовите се менуваат. Најчесто се користи во чајни мешавини при проблеми со нервите, грчеви во стомакот и воспаление на бубрезите. Но, лековитите и кулинарските својства на оваа билка се многу пошироки.

Хранливи вредности на босилекот

Босилекот е извонреден извор на витаминот К, железо, калциум, витамин А, целулоза, магнезиум, калиум, витамин Ц, манган…

Во неговиот состав има состојки кои се особено корисни против непосакуваните бактерии. Маслата кои ги содржи: естрагол, линалон, цинеол, еугенол и други, се моќни против размножувањето на штетните бактерии како што се листерија, стафилококи и ешерихија.

Некои од овие бактерии имаат развиено голема отпорност против антибиотиците, така што научниците постојано бараат нови начини за лекување на инфекциите. А, етеричните масла од босилекот се покажале како извонредна здрава замена.

Босилекот помага против воспаленија, дијареја и болки во зглобовите

Последните истражувања покажуваат дека растворот кој содржел само 1% на етерично масло од босилек или мајчина душица е ефикасен против бактериите кои се предизвикувачи на дијареја. Со тоа се отвора нова можност за користење на босилекот како природен конзерванс на храната. Сето ова доведува до заклучок дека босилекот и мајчината душица треба редовно да се користат во исхраната.

Доколку ги ставите во салата, не само што ќе го подобрите вкусот, туку и ќе ги уништите потенцијалните штетни бактерии кои може да се најдат во свежиот зеленчук.

Босилекот може да се користи секој ден свеж или сушен, како додаток на супите и варивата, како зачин, во салати, со јајца, месо или зеленчук.

Ви предлагаме да прочитате: Босилек – корисен и лековит на 6 практични начини.

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background