Се’ за храна: Италијанска салата со домати и маслинки

Уште една гурманска салата за добар ручек или вечера! Овој пат ви презентираме рецепт за италијанска салата со домати, маслинки и моцарела, прелиена во сос од лимон, маслиново масло и оригано.

Италијанска кујна е застапена ширум светот, а нејзините јадења се омилени на многумина. Покрај вкусните пици и тестенини, време е да ја дегустираме оваа италијанска салата. Направете ја и не заборавајте да ни пишете како ви се допаднала.

Состојки:

  • 1 средна краставица
  • 2 домати
  • ½ авокадо по желба
  • ½ главица кромид
  • ½ чаша каламата маслинки
  • ½ мала лажичка оригано
  • прстофат црн пипер
  • 3 лажици свежо цеден сок од лимета (доколку немате на располагање, заменете со свежо цеден сок од лимон)
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 2 лажици екстра девствено маслиново масло.
  • 1 чаша сирење моцарела
  • свеж босилек за декорација.

Подготовка:

  1. Краставицата излупете ја и исечете ја на полукругови.
  2. Доматите исечкајте ги на осминки.
  3. Авокадото пресечете го на половина, а потоа исечете го на четвртинки. На крај, исечете тенки листови.
  4. Кромидот исчистете го и исечете го на тенки листови.
  5. Во длабок сад ставете ги сечканата краставица, доматите, кромидот, авокадото, маслинките и сирењето. Измешајте ги состојките.
  6. Во друг сад ставете ги сокот од лиметата, лимонот, маслиновото масло, ориганото и црниот пипер. Измешајте ги убаво. Преливот за салата додајте го во длабокиот сад. Измешајте и сервирајте.
  7. Готовата италијанска салата со домати и маслинки послужете ја со гранче свеж магдонос. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за популарната италијанска салата Панзанела.

Превземено од: sezahrana.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

На која возраст мозокот најдобро работи?!

Со помош на магнетна резонанца, научниците го анализирале мозокот на 359 луѓе, на возраст помеѓу ...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на својата ординација објави соопштение, кое стана ...

Close