Се’ за храна: Свежите сокови се здрави, но не претерувајте! – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Се’ за храна: Свежите сокови се здрави, но не претерувајте!

Многу луѓе мислат дека освежителните свежи сокови се добри да се пијат во било која количина и безопасни. Меѓутоа, тоа не е така. Еден ист сок може да му помогне на една личност, а да му наштети на друга.

Свежите сокови се лош избор кај некои болести. Ако имате пептичен улкус, гастритис или панкреатитис,  не смеете да пиете сок од лимон, портокал, јаболко, рибизла или брусница. Тие содржат состојки кои ја зголемуваат киселоста на желудникот, па тоа може да предизвика непријатност и болка. Консумацијата на сок од грозје треба да биде ограничена ако имате дијабетес. Овој сок содржи многу гликоза и калории. А добро е да се знае дека многу свежи сокови имаат лаксативни својства.

Не мора да пиете литар сок на ден

Ако имате дијареја, сокот треба да го разредите со вода и да го пиете малку по малку. За да ги добите потребните витамини, не мора да пиете литар сок на ден. Таквите експерименти може само да му наштетат на организмот. Разумна количина би била од неколку лажици до 3 чаши на ден, во зависност од сокот.

Дали витамините се губат при подготовка на сок во соковник?

Постои мислење дека сокот не може да биде припремен со помош на електричен соковник затоа што витамините се уништуваат во контакт со металот. Тоа е делумно точно. Ако правите сокови со користење на бабините методи, со помош на цедилка и газа, повторно се јавува загуба на витамини. Затоа, наместо свежи сокови подобар извор се смуди, во кои останува целото овошје.

Кое време е најдобро за да се пијат свежи сокови?

Свежите сокови од зеленчук и овошје се надополнуваат на одличен начин. Овошните сокови се богати со шеќер и витамини, а соковите од зеленчук со минерали. Најдобро е соковите да се пијат 30 до 40 минути пред оброк или за време на паузата меѓу оброците. Ако пиете сокови од овошје по ручекот, тоа може да ја зголеми ферментацијата во цревата и желудникот и да предизвика надуеност.

Свежите сокови најдобро е да се пијат веднаш по припремата затоа што и краткорочното држење во фрижидер ја намалува лековитата вредност на сокот, иако вкусот останува ист.

Ви предлагаме да прочитате: 3 сокови за намалување на холестеролот во крвта.

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background