Се’ за храна: 7 најдобри нискокалорични зеленчуци за супер здравје, енергија и фит форма

Ви приготвивме листа на најдобрите 7 нискокалорични зеленчуци кои може да ги јадете без грижа дека ќе се здебелите. Не само што се диетални, туку и многу здрави.

Иако не постои храна која има 0 калории, сепак некои намирници може да ги јадете во поголема количина, а да не се грижите за својата линија. Во оваа група спаѓаат овошјето и зеленчукот кои не содржат скроб. Поголемиот дел од нив се богати со многу вода, имаат малку калории и богати се со растителни влакна кои даваат чувство на ситост. Еве кои 7 зеленчуци ги сместивме во оваа категорија.

Целер

Скоро 95% од целерот и припаѓа на водата, но тоа не значи дека не е хранлив. Целерот содржи калиум, фолна киселина, растителни влакна и задоволува 30% од дневните потреби со важниот витамин К. Една чаша целер содржи само 6 калории. Најдобро е да се консумира свеж, а ако го оставите да стои 5 до 7 дена, ќе ги изгуби антиоксидансите кои ги содржи. Дознајте зошто за целерот се вели дека е борец за витка линија, свеж здив и штити од леукемија.

Зелена салата

Богата е со витамините А, Ц, фолна киселина и железо. Во просек една чаша зелена салата содржи од 10 до 20 калории.

Краставица

Слично како и целерот, поголемиот дел од краставицата и припаѓа на водата. Една чаша сечкана краставица содржи само 16 калории. Хранливите состојки се концентрирани во семето и кората, па најдобро е да се јаде со кора, доколку ја најдете непрскана или органски одгледана.

Домати

Најпознати се по тоа што содржат ликопен, каротеноид кој придонесува за здраво срце и крвни садови. Од витамините ги содржат А, Ц, Б2, фолна киселина, а од минералите хром, калиум и други. Еден домат со средна големина има околу 25 калории. А за да ви го олесниме изборот ви предлагаме 7 брзи и летни салати со домати.

Карфиол

Карфиолот е многу хранлив зеленчук, кој е одличен извор на фолна киселина, витамините Ц и К, и растителни влакна. Содржи антиоксиданси и фитонутриенти кои делуваат превентивно против разни болести. Една чаша карфиол има само 25 калории.

Брокула

Дали знаете дека брокулата е најхранлива кога се јаде приготвена кратко на пареа? Богата е со витамините А, Ц, Е и К. Содржи сулфорафан, состојка за која се знае дека делува антиканцерогено. Една чаша брокула задоволува околу 20% од препорачаните количини за растителни влакна, а има само 31 калории.

Кељ

Кељот е една од ретките намирници кои содржат омега 3 масни киселини. Една чаша свеж кељ има само 33 калории, скоро 3 грама протеини и 2.5 грама растителни влакна.

 

Ви предлагаме да прочитате: Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични и полесно сварливи, а подеднакво вкусни.

Превземено од: sezahrana.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Пливање – спорт за секоја возраст

Пливањето со сигурност претставува еден од омилените летни спортови, што ги зајакнува мускулите на цело ...

Пешачењето го регулира новото на липидите во крвта

Движењето, па дури и самото стоење во место, наместо седењето, поволно влијае на кардиоваскуларното здравје ...

Close