Се крчка смена и на кормилото на Сител – Латас си оди од уредничката позиција

Телевизијата на Љубисав Иванов-Ѕинго, според извори на Либертас, по стапките на Канал 5 ќе направи многу скоро промена на челната позиција, односно ќе добие нов главен уредник.

Извори во ТВ Сител тврдат дека долгогодишниот главен уредник, професор Д-р. Драган Павловиќ – Латас, заминал на годишен одмор, а менаџментот води преговори на неговото место да дојде лице од надвор.

Смената на Латас од челната позиција најверојатно е обид на сопствениците да ја променат уредувачката политика која беше ударна тупаница за пропаганда на режимот на Груевски.

Латас пред некој ден од СЈО беше осомничен за затајување на данок од околу 180 илјади евра за пари кои ги заработил како сопственик и управител на Друштвото за маркетинг ТОТАЛ МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ДООЕЛ Скопје, управител на Друштвото за маркетинг и пропаганда ТОТАЛ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје, управител на Друштвото за маркетинг и истражување на пазарот МЕДИАМАКС ДООЕЛ Скопје и сопственик и управител на Друштвото за маркетинг ТОТАЛ МЕДИА ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје.

Превземено од: Либертас

Додади коментар

Би те интересирало и

ДОМ: Министерствата направиле законски прекршување при издавање на дозволите за отворање рудници

Најмалку четири министерства направиле законски прекршувања во процесот на издавање на концесиите за отворање рудници ...

На Македонија и’ треба еколошки Прибе се согласија заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и екологистите

На Македонија и’ треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда. Министерството и владата ...

Close