Се унапредуваат алтернативните услуги за згрижување деца

Вкупно 22 жени кои биле невработени, отсега лиценцирано ќе може да работат како домашни згрижувачи на деца. Дванесет компании пак, со 50 вработени се поддржани да отворат градинки. Овие активности се дел од проектот Унапредување на алтернативните услуги за згрижување деца, финансиран од Европската унија.

Ниту еден граѓанин досега нема поднесено барање за да згрижи дете во својот дом, но отсега тоа ќе може да го прават 22 – те жени кои речиси три недели посетувале обука во Министерството за труд и социјална политика. Ова Министерство е и главен носител на проектот Унапредување на алтернативните услуги за згрижување деца, кој ЕУ го финансира со речиси 1 200 000 евра.

Советникот во кабинетот на министерот за труд и социјална политика, Душан Томшиќ рече дека во рамки на проектот се спроведени четири национални истражувања со кои се опфатени 2.400 родители, 200 потенцијални згрижувачи на деца, 75 локални самоуправи и над 100 компании со повеќе од 50 вработени.

„Од страна на проектот се предложени осум нови услуги кои би требало да ги даваат компаниите за згрижување на децата на нивните вработени. Вториот тип се алтернативните форми на згрижување или нетипични јавни услуги за згрижување на деца, кои во исто време може да понудат вработување за самите родители. Има доста интересни модели кои се понудени и ќе се обидеме да најдеме соодветно финансирање“, изјави Томшиќ.

Според него, со ревидирање на активниот план и со Законот за социјално претприемништво, граѓанскиот сектор ќе има можност да аплицира за старт-ап грантови и да користи средствата кои се нудат преку активните мерки и да учествува во развој на услугите, кои не се однесуваат само на згрижување деца, туку и на стари лица.

Една од жените кои ја посетувале обуката, која вклучувала и теоретски и практичен дел во детски градинки, сподели дека возрасната границата на децата што ќе ги згрижуваат ќе ја одредуваат сами, зависно од потребите на родителите.

Тим лидерот, Мариус Хаулика изрази надеж дека проектот ќе придонесе за подобрување на системот на детска грижа, бидејќи добро семејни политики, кои обезбедуваат соодветно згрижување на деца е неопходна основа за праведно и модерно општество.

– Беа развиени повеќе од 50 документи за развој на политики и препораки за подобрување на флексибилните услуги за згрижување на деца – информира Хаулика.

Времетраењето на проектот е 30 месеци.

 

Вања Мицевска

Додади коментар

Би те интересирало и

Иванов ја повикува Владата јавно да го објави договорот со Бугарија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ја повикува Владата да го објави и образложи текстот на ...

Уништен единствениот парк во Тетово – Општината не реагира

Единствениот парк во Тетово наспроти спортскиот цетнар е целосно запуштен од градските власти. Реквизитите на ...

Close