Силен земјотрес на Камчатка

Силен земјотрес со магнитуда од 6,6 степени го погоди рускиот полуостров Камчатка. Руските власти издадоа предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри од регионот Уст-Камчатскиј,а Центарот за следење на цунами во Сахалин предупредил за можнен цунами со бранови од 1,5 метри, додавајќи дека брановите би можеле да стигнат до северно Курилските острови во рок од два часа.

Земјотресот се случил во Беринговото море, недалеку од источниот брег на Камчатка, пренесе агенцијата Интерфакс.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close